Арсовски: По Мира Дизел доаѓа Милева Ѓорѓиева – ги вработила синот, снаата и братот ВИДЕО

Тој праша дали има некој во семејството Ѓорѓиеви кој остана невработен и незгрижен за дебел хонорар и високи плати. Ако има апелираме веднаш да го вработат и него.

4618

И по Мира Дизел доаѓа Милева Ѓорѓиева, исто така пратеничка на СДСМ. Пратеничката на СДСМ од Радовиш, Милева Ѓорѓиева, направила копи-паст на моделот за вработување наречен „Мира Дизел вработување“, изјави денеска порпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Освен што и се вработи синот во МВР како инспектор за јавна безбедност, радоста во семејството на Милева  го дополнува и вработувањето на уште неколку други членови на семејството. Дали е точно дека Љубица Илиева Ѓорѓиева, снаа за син на Милева Ѓорѓиева е вработена во општина Радовиш на неопределено време?

Дали е точно дека исто така  Петре Партиков, брат на Милева Ѓорѓиева е вработен како педагог во ОУ „Атанас Нивичански“ со несоодветно образование? Патем дали е точно исто така дека синот на Милева Ѓорѓиева, освен што добил вработување во МВР како инспектор, е поставен и за управител на РК Радовиш формиран од општината преку кој располага и со 5 милиони денари народни пари доделени од општинскиот буџет на општина Радовиш. Ако сето ова е точно тогаш станува очигледно по логиката на СДСМ во Радовиш нема никој друг способен, па  мора семејството на Милева Ѓорѓиева да се жртвува и за вработувања и за менаџирања – вели Арсовски.

Тој праша дали има некој во семејството Ѓорѓиеви кој остана невработен и незгрижен за дебел хонорар и високи плати. Ако има апелираме веднаш да го вработат и него.

– Кои се критериумите според кои токму членовите на семејството на пратеничката од СДСМ, Милева Ѓорѓиева се вработени?  Зарем нема други луѓе во државата кои би добиле шанса  да работат за вака солидни примања, па мора да се вработуваат синовите, браќа, ќерки, снаи, мајки, сестрите, баби, дедовци и се останато блиско сродство на функционерите на СДСМ. Станува јасно дека во услови кога упропастуваат се во Република Македонија , СДСМ врши бесрамна партизација на државната администрација со вработување на најблиските роднини  на функционерите. Ова е своевидна евакуација во државни јасли, свесни дека политичките кариери им се пред самиот крајот. Ја изгубија довербата во граѓаните и ќе си одат од власта – порача Арсовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...