Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Али Ахмети да разговараат за консензуален кандидат за претседател, а по средбата премиерот даде коментар и за изборот на ВМРО-ДПМНЕ да ја кандидира професорката Гордана Силјановска Давкова.
Тој рече дека за нив не е прифатлива како заеднички претседателски кандидат.
– Таа е надвор од секој можен концепт. Не даде во ниту еден сегмент поддршка на тоа што го поддржува цел свет и огромно мнозинство на граѓани. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децеиски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што е преговарач со ЕУ. Таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните – рече Заев.