Да не претеравте со закани врз новинарите?

Во две недели да се избрка еден, а друг новинар да добие отворени закани од директор на телевизија, е малку премногу, не мислите?!

1938

Не дека сум лично засегнат, но веќе се јавува една сериозно опасна ситуација во македонските медиуми, мислам и пострашна од времето на Груевски.

Мислам, да не се лажеме, сите режимски медиуми и телевизии си ги зедовте под ваша капа.

Не беше доволно, си отворивте што се вика и „ваша“ телевизија. Ене ја, рекетира отворено. Оние режимскиве барем напреднаа, они се финансираат од УСАИД.

Сакам да кажам, во две недели да се избрка еден, а друг новинар да добие отворени закани од директор на телевизија, е малку премногу, не мислите?!

Искрено, за атмосферата во медиумите и за нивните постапки, дел од одговорноста има и власта и дел од таа атмосфера директно паѓа врз нејзниното владеење и конто.

Мислам дека е време барем да се огласите, кога веќе никако не нѐ заштитувате.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...