Сопственикот на Монако, Дмитриј Риболовљев ја разгледува можноста да го купи италијанскиот гигант Милан. Според „Тутоспорт“, 46-годишниот руски бизнинсмен ја проучува финансиската состојба на „росонерите“.
Риболовљев е сопственик на Монако од 2011 година и со неговото финансирање клубот се искачи од Лига 2 до елитата и ја освои шампионската титула.
Покрај тоа, според „Газета дела Спорт“, Русинот добил понуда од околу 500 милиони евра за своите акции во клубот од Кнежеството.
Риболовљев е вториот руски тајкун кој е заинтересиран за Милан. Другиот е акционерот во Арсенал, Алишер Усманов.
„Росонерите“ имаат рок до октомври да отплатат долг од 303 милиони евра на „Елиот Менаџмент“, иако се очекува компанијата да додели уште 35-40 милиони евра за клубот до крај на сезоната.
ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI