Средношколците се запознаваат со студиските програми на универзитетите

118

Средните училишта на Град Скопје од денеска ги отвораат вратите за универзитетите за презентација и промоција на нивните студиски програми пред средношколците.

Преку проектот „Училиштата на Град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми“, кој Градот го почна минатата година, универзитетите ќе им овозможат на идните студенти поблиску да се запознаат со можностите за професионален развој.

Градот Скопје и годинава организира отворени денови за универзитетите да ги претстават своите студиски програми во средните училишта во нашиот град. Поучени од минатогодишните позитивни искуства, оваа година ја подобруваме програмата и овозможуваме во секое училиште во текот на два дена секој од универзитетите од Македонија да ја презентира својата студиска програма. Во првиот ден ќе презентираат техничките факултети, а во вториот ден факултетите од областа на општествените науки. Нашата цел е средношколците – идни студенти што подобро и навреме да се запознаат со студиските програми на универзитетите за да го направат вистинскиот избор за упис во претстојната студиска година. Градот Скопје посветува сериозно внимание на средношколците и сериозно инвестира во инфраструктурата во средните училишта. Ќе правиме се што е во нашите можности да ги подобриме условите во кои учат средношколците и навреме ќе ги информираме за да го направат вистинскиот избор за студирање – рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Во рамките на отворените денови учениците ќе имаат можност непосредно и подетално да добијат информации за студиите за кои се интересираат, да добијат одговори за сите нивни прашања и дилеми и да направат вистински избор при донесувањето на одлуките.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...