И обвинителството не кажува ништо за спречениот терористички напад од ИСИС

666
ФОТО: МИА

Молк и во јавното обвинителство за спречениот терористчки напад за кој МВР информираше уште во петокот.

– Надлежен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба за вештачење на одземените предмети. Во моментов со оглед на чувствителноста на ова прашње, ова се информациите кои обвинителството може да ги сподели – изјави Елизабета Недановска од секторот за односи со јавност во обвинителството.

Во петокот вечерта МВР кратко соопштение дека е превениран терористички напад од ИСИС, без никакви детали.

„Министерството за внатрешни работи по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот. Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад. Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните“, наведоа од МВР.

Денеска е трет ден молк во врска со ваква сериозна информација, а предупреување за терористички напади објавија и амбасадите на САД и на Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...