Ванда Нара: Некој вели дека капитенската лента не значи ништо, но за Мауро, ова е исто како да останал без нога

203
ФОТО: Принтскрин

Ванда Нара, сопругата на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, почна да плаче за време на интервју на „Медиасет“ во моментот кога говореше за ситуацијата со договорот на нејзиниот сопруг.

Претходно, играчот ја изгубил лентата на капетанот поради тешки преговори за нов договор.

– Некој вели дека капитенската лента не значи ништо, но за Мауро, ова е исто како да останал без нога. Кога беше потребно да избира меѓу пари и љубов кон клубот, тој го избра второто – рече Ванда.

Таа ги отфрли шпекулациите за богати понуди од други клубови.

– Не сум добила никакви понуди, секогаш сум во контакт со Интер. Имавме состанок со раководството на клубот, но тие не ми рекоа ништо. Мауро постигна 120 гола за Интер. Тој секогаш го охрабрува тимот да оди напред, бидејќи е уверен во тоа – истакна Ванда Нара.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...