Еден од лондонските аеродроми наскоро ќе добие роботи за паркирање, оспособени сами да ги постават автомобилите на слободните места.
Принципот е таков што роботот Стен застанува пред возилото, го крева со лостови над земјата и го преместува на она паркинг-место кое претходно не е зафатено. На тој начин, возачот излегува пред паркирањето, а вратата потоа не треба да се отвора.
Така, паркингот на аеродромот Хитроу, на кој претходно имало 170 места, сега ќе може да собере 270 автомобили.
Дополнително, роботите имаат информации за летовите и слетувањата, па „знаат“ кога навреме да ги подготват автомобилите за патниците кои пристигнуваат.
ФОТО: МИА