Истрага за обидот за административен удар врз Трамп, вети американски сенатор

123
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Истакнат републикански сенатор во неделата вети истрага за наводите на поранешниот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, Род Розенштајн, разговарал за отстранување на претседателот Доналд Трамп од функцијата во 2017 година.

– Постои тврдење на тогашниот привремениот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, всушност, се обидувал да изведе административен удар, да го собори претседателот со постапката, која е пропишана во 25 уставен амандман – изјави сенаторот Линдзи Грахам.

-Заменик-министерот за правда го негира тоа. Затоа, на вам, и на гледачите ви го ветувам следново: ќе одржиме сослушување за тоа кој ја кажува вистината и што всушност се случило – рече Грехам, поборник на Трамп. 

Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...