Илија Димовски е во НАТО, одложен стартот на судскиот процес за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ

390

Првото рочиште судскиот процес „Талир” кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ е одложено затоа што еден од обвинетите, пратеникот Илија Димовски, е отсутен. Тој како шеф на собраниска делегација од Македонија се наоѓа на состанок во парламентарното собрание на НАТО.

Освен Димовски на обвинителна клупа отсуствува и Никола Груевски, кој лани во ноември избега во Будимпешта. Другите обвинети се појавија во судница, а како претставник на партијата ВМРО-ДПМНЕ која е обвинета, дојде генералниот секретар Игор Јанушев овластен од претседателот Христијан Мицкоски.

Судијата Осман Шабани следното рочиште го закажа за 7 март.

Заедно со Груевски во овој случај, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески се обвинети за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, додека Димовски со уште двајца други обвинети, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, се товарат само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе. СЈО поднесе уште еден обвинителен акт за предметот „Талир“ што се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...