Барселона го освои трофејот во шпанскиот кошаркарски куп по драматичната победа во финалето против Реал Мадрид со 94:93. Последните два поена за каталонскиот тим беа признаени по прегледување на видео снимката од страна на судиската тројка. Претходно Анте Томиќ тргна на положување на „заден обрач“, но беше блокиран, но судиите пресудија дека блокадата била неправилна.
Во Реал се убедени дека Ентони Рандолф правилно го блокира ударот на Томиќ, бидејќи топката го допрела обрачот пред тој да ја „залепи“ за таблата.
Реал сега се заканува дека ќе се повлече од шампионатот, доколку лигата не ја признае грешката.
Сепак трба да се биде објективен и да се признае дека судиите згрешија и во полза на „кралскиот“ клуб кога не досудија чист прекршок за Барселона при контра на 11 секунди пред крајот на продолжението и водство од 92:90.