Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Случајот се наоѓа во завршна фаза и треба да продолжи со изнесување на завршни зборови на обвинетите откако тоа на минатото рочиште го направи првиот од нив, Митко Чавков.
Судскиот процес за „27 април“ во неговата завршница тече со преполовена обвинителна клупа бидејќи 15 обвинети од вкупно 33 се спасија со Законот за амнестија кој пред Нова година го донесоа пратениците во Собранието.
Обвинети останаа само 17.
Од нив 12 бараа амнестија, но не добија: Горан Јошевски – Леви, Александар Василевски-Нинџа, Горанче Ангеловски – Ќосето, Никола Митревски – Кољо, Абдуљфета Алими, Митко Пешов, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Младен Додевски, Вилијам Михајловски, Влатко Трајков и Оливер Поповски.
Другите петмина, пак, воопшто и не побараа да бидат амнестирани: Игор Дурловски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Јане Ченто и Игор Југ.
Во овој предмет за помагање на делото обвинет е и Сашо Марковски, вработен во УБК, но на него му се суди во одделна постапка бидејќи во текот на судскиот процес му се влоши здравствената состојба. Тој бараше амнестија, но не доби.
Инаку, меѓу 15-мината кои добија амнестија се: пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски; водачите на протестите „За заедничка Македонија“ Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен и Владо Јовановски; како и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Илија Славески и Митре Питроповски.
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA