Венецуела не им дозволи влез на европратеници поканети во земјата од Гваидо

156
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

На делегацијата од Европралемантот, не и беше дозволено да влезе во Венецуела и синоќа се врати во Мадрид. Дипломатската група составена од пет лица отпатува кон Каракас на покана на самопрогласениетот привремен претседател на земјата Хуан Гваидо.

Европратеникот Хосе Игнасио Салафранка изјави дека и покрај поканата од венецуелскиот Парламент, веднаш по пристигнувањето, на членовите на делегацијата им биле одземени патните исправи и биле одведени во миграциската служба.

– По извесно време ни беше кажано дека Министерството за надворешни работи одбива да ни дозволи влез во земјата – појасни европратеникот.

ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...