Трамп верува на Путин, но не и на ФБИ, тврди поранешниот прв човек на агенцијата

109
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува на американското разузнавање кое тврди дека Северна Кореја има ракети со дострел до бреговите на САД, бидејќи рускиот лидер Владимир Путин го уверил дека такво оружје нема, тврди поранешниот директор на ФБИ Ендрју Мекејб.

– Не ми е гајле. Му верувам на Путин – според Мекејб биле зборовите на Трамп откако го добил извештајот на американската разузнавачка служба.

За ваквото тврдење Мекејб се повикува на извор во ФБИ.

– Вработените во разузнавањето велат дека тоа не соодетствува со разузнавачката информација која ја поседуваме – изјави Мекејб, дополнувајќи дека бил шокиран од одговорот на претседателот.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...