Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари ги охрабри своите играчи да не се откажуваат и покрај денешниот пораз од Жирона (1:2) на домашен терен во 24. коло од Примера.
– Ние не дејствувавме решително во нападот и не го решивме натпреварот во првото полувреме, иако имавме добри моменти. Во второто полувреме немавме доволно енергија, сакавме да постигнеме гол, но не успеавме. Противниците одиграа добро второ полувреме извршија притисок и ризично играа. Тоа им се исплатеше – рече Солари.
Тој потенцира дека тимот е изморен од густиот распорен на натпревари.
– Бевме уморни по серија тешки натпревари и ја плативме цената за трошење многу енергија.
Дали трката во шампионатот е изгубена? Ние мора да продолжиме да се бориме. Сè уште имаме шанси за успех на трите фронта (првенството, купот и Лигата на шампионите) – изјави предводникот на Реал.
По овој пораз, Реал Мадрид остана на третото место во шпанското првенство со 45 поени. Лидерот Барселона има 54 бода, Атлетико Мадрид со 47 е втор.
.