Костадинов: Што да кажеме за кандидат кој денес се шета со Иванов

4291

Тоа што вчера се случи на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше само официјализирање на кандидатот на Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Што може да се каже за кандидат којшто денеска го гледаме како се шета со Ѓорге Иванов, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов прашан како ја коменира очигледната поддршка што претседателската кандидатка Гордана Силјановска ја добила од претседателот Иванов.

– Знаеме дека граѓаните не сакаат и нема да дозволат нов Ѓорге Иванов послушник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Гордана Силјановска вчера на конвенцијата можеше навистина да се огради од криминалните политики на Никола Груевски, да се огради од деструктивните активности на Христијан Мицкоски, во однос на напредокот на Република Северна Македонија, да се огради и да го осуди ширењето на говор на омраза на нејзините колешки, којшто и ја дадоа поддршката, за жал тоа не го видовме. Вчера видовме како Гордана Силјановска застанува и претставува уште една продолжена рака на Христијан Мицкоски, дејствувајќи деструктивно за напредокот на Република Северна Македонија. Оттука може јасно да порачаме дека на наредните претседателски избори Гордана Силјановска и Христијан Мицкоски може да очекуваат пораз – рече Костадинов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...