Кај наплатна рампа Градско, вчера полициски службеници забележале патничко моторно возило „Форд Галакси“ во кое имало мигранти, по што пред Неготино, возачот го напуштил возилото во кое се пронајдени 13 мигранти од Сирија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
Во друга акција, во атар на село Ново Село, струмичко, пронајдени се девет мигранти од Пакистан кои биле симнати од патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки.
По преземени мерки во половина час по полноќ во Радовиш во врска со овој случај сопрено е возилото, управувано од М.В.(21) од Велес. Против лицето е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.