По автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници, а осуммина се во тешка состојба, неопходна е соодветна реакција од државните институции.
За да се избегнат ваков вид на несреќи и да се намалат последиците Демократскиот дојуз бара:
– Да се направи вонреден технички преглед над сите автобуси на Дурмо-Турс, но и на автобусите и комби-возилата на другите компании со кои се превезуваат патници. Да се направи вонреден увид над сите станици за технички преглед од независни експерти. Да се спречи судир на интереси односно ист сопственик да не може да врши технички преглед на возила во негова станица за технички преглед, соопшти ДС.
Инаку оваа несреќа со катосрофални последици бара и анализа на поставеноста на целикупниот систем во државата од превентивно дејствување, па се до намалување на можните последици.
– Во оваа насока предмет на анализа треба да биде и системот за информирање, дејствувањето на првата медецинска помош, прифатот и третманот на повредените и расположивите капацитети, дејствувањето на системот за заштита и спасување, на полицијата (придржување на работно време на возачите, здравствената состојба и сл.), јавното обвинителство, стои во соопштението.