Икарди побара јавно извинување од Интер

170
ФОТО: EPA / MAURIZIO BRAMBATTI

„Војната“ помеѓу Мауро Икарди и Интер станува се посериозна. Аргентинскиот напаѓач побара јавно извинување од клубот за односот кон него во последниве години. Иднината на фудбалерот изгледа се поизвесна и по крајот на сезоната тој сигурно ќе си замине, иако неговиот договор со клубот е до 2021 година.

Според информациите во Италија, раководството на клубот веќе одлучило да го продаде фудбалерот, откако преговорите за нов договор пропаднаа. Агентот на Икарди – Ванда Нара, која е и негова сопруга се пожали јавно од незаинтересираност на „нероазурите“.

Но тоа не му помогна на Икарди, а капитенската лента веќе му беше одземена и предадена на голманот Самир Хандановиќ.

Од своја страна, пак, фудбалерот побара извинување од клубот за односот кон него и што поскоро да се разбере какви се намерите спрема него.

Според шпекулациите на Апенините, Икарди ќе одбие да игра за Интер додека не го добие.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...