Во критична состојба четворица патници од сообраќајката кај Ласкарци

264

Во моментов, во Градската општа болница „8-ми Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти. Тројца од нив се наоѓаат во критична состојба, додека пак останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа која се случи во близина на селото Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово. Еден пациент во текот на вчерашниот ден е пуштен на домашно лекување, информира Министерството за здравство.

-Во Клиничкиот центар во Скопје хоспитализирани се 6 пациенти, од кои 3 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца од нив се во стабилна состојба. Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од неврохирургија – велат од Министерството.

Од таму додаваат дека пациентката која се наоѓа во тетовската болница е во стабилна и добра здравствена состојба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...