11-та годишнина на независноста на Република Косово ја наоѓа најновата држава во Европа пред завршните предизвици за градење на државноста, рече во честитката по повод независноста на Косово лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Впечатливо е дека ДУИ честитката од својот лидер до сите Албанци, ја испраќа како од „лидерот на Албанците“ на Северна Македонија.
– Секој од нас има дадено придонес за најголемото национално постигнување, слободна, демократска и независна држава, Косово. Затоа, секој од нас што работел за овој ден, денес посакува да го види ова наше заедничко достигнување, Косово, членка на ООН, НАТО и ЕУ, со развиено добрососедство и во благосостојба, напиша Ахмети во неговата честитка на Фејсбук.