Адеми пред иселениците во Шведска ја претстави стратегијата за соработка со дијаспората

111

Во рамките на работната посета на Кралството Шведска и Данска, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, придружуван од Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, во Малмо оствари средба со претставници на дијаспората од Република Северна Македонија во Шведска, на која ја презентирал Националната стратегија за соработка со дијаспората и Акцискиот план, како први вакви документи, од независноста до денес.

Како што информираат од кабинетот на Адеми, во своето излагање министерот ја акцентирал важноста на дијаспората и во таа насока нагласил дека во наредниот период Владата на РСМ останува отворена за соработка со дијаспората во рамки на заедничкиот интерес.

Адеми информирал за важноста на нациналната стратегија за соработка со дијаспората, документ кој треба да претставува основа на институционално поврзување на државата и грѓаните кои живеат и работат во странство.

По презентацијата на стратегијата се одржала и дискусија и дебата со активно присуство на присутните кои, како што велат од кабинетот на Адеми, имале различни коментари и прашања што министерот и директорот на Агенцијата со задоволство ги одговориле и појасниле.

Министерот ги информирал присутните и за престојните претседателски избори и начинот како истите можат да го користат своето право на глас.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...