Останав без зборови. Нема зборови како да се заблагодарам. Изненадена сум морам да кажам. Прво ви благодарам бидејќи Македонија е во женски род. Можеби доаѓа времето на жените, беше првото што го кажа професорката Гордана Силјановска Давкова откако на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ објавија дека таа е нивниот претседателски кандидат со освоени 408 од вкупно 519 гласови на делегатите.
Таа им се заблагодари на, како што рече, храбрите жени кои ѝ извршиле притисок преку иницијативата таа да се кандидира.
– Веројатно во овие гласови овде повторно удел имаат и жените делегатки – рече Силјановска.
Професорката посочи дека ѝ е јасно оти дека не може да се оди, а камоли да се победи на избори ако зад вас не застане силна партија.
– Мислам дека некој кој добил доверба од силна партија има обврска да се држи до она што е најважно – владеењето на правото само не води во ЕУ, бидејќи и Европа е од женски род – рече Силјановска.
Таа во говорот по победата на партиската конвенција најмногу внимание посвети на членството на Македонија во Унијата.
– Малата Еуропе е од Балканот. Ако за ЕУ велат, евробирократите и евротехнократите, дека е недовршена симфонија без Балканот што значи и без Македонија, а од друга страна дека е ахилова пета, јас мислам дека сме на почетокот да ги потсетиме на следното: Имаше девет позитивни извештаи за Република Македонија. Девет позитивни одговори даваше Европската Комисија, а Советот велеше дека проблемот е во името. Епа сега нека размислат – мислам дека тие се на ред да ѝ пружат рака на Република Македонија затоа што од секогаш сме биле дел од Европа. Не само географски, ако сакате и културно освен за време на Отомансакта империја и за време на комунизмот. Значи, таму ни е местото – порача Силјановска.
Таа кажа дека претседателот на државата е овласте предлагач на амандмани на Уставот и смета оти еден од првите чекори треба да биде формираше на експертско тело кое ќе работи на тоа Македонија да се направи функционална држава со европски стандарди. Го кажа своето мислење и за други уставни одредби, меѓу кои забележа и на тоа дека според Устав премиерот не може да смени министер туку тоа да го направи Собранието.
– Владата треба да биде тим, а кога е тим мора да има само еден премиер. Не лутете се, ама оваа синтагма „Едно општество за сите“ е проблематична, ние имаме две општества, две влади… Тоа не може да продолжи така да функционира ако сакаме да имаме функционална држава – рече Силјановска.
Таа порача дека не е националист. Родена сум, посочи, во турска куќа во Охрид, а од десет години имам побратимство албанско.
– Родена сум во турска куќа во охрид, а од десет години имам брат побратимство албанско. Јас сум сигурна дека со мене денеска се и студентите, генерации Албанци, Турци, Роми, Власи – пријателите, можеби не партиите – рече Силјановска.
Таа од говорница цитираше двајца американски претседатели.
– Ми паѓа на ум она што го велеше Абрахам Линколн дека власта треба да биде од народот, со народот и за народот. Претседателот прв треба ова да го оствари. Ми паѓа на ум што велеше Кенеди кога го избраа дека „многу сум добил од Америка“. Јас многу сум добила од македонија, сега е време и јас да ѝ вратам за тоа – порача Силјановска.