Автобус на „Дурмо турс“ и лани излетал од патот во Косово

747

Автобус на „Дурмо турс“ и лани на 8-ти март излетал од пат во Косово, сообраќајки се на релација Скопје – Приштина.

Косовските медиуми лани во март 2018 година информирале дека со полиција и кранови се извлекува автобус на „Дурмо турс“, одејќи на кај Приштина.

Тогаш немало повредени патници, можеби имало некои лесни повреди, а сите патници биле префрлени во друг автобус.

Во несреќата на 13 февруари на автобус на оваа компанија, на автопатот Скопје-Тетово, загинаа 15 лица, а над 30 беа повредени.

Споственикот на „Дурмо турс“, како што вчера објавија медиуми, е сопственик и на фирмата за технички преглед каде биле проверувани автобусите.

Меѓутоа, за Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто време е сопственик на станица за технички преглед која ја испитувала исправноста на автобусите. Според МВР, спорно би било доколку станицата за технички преглед врши проверка на сопствените возила, односно ако тие се од иста фирма.

Ваквите одредби оставаат можност две различни фирми, но со ист сопственик, да можат да поседуваат возила преку едната фирма, а да им вршат технички преглед на истите преку друга фирма.

– Согласно одредбите од Законот за возила, правното лице „АМЗ Гостивар“ не може да врши технички преглед на сопствените возила, но може да врши технички преглед на возила сопстевност на друго правно лице – велат од МВР за „Макфакс“.

Во случајов, возилата се регистрирани како сопственост на туристичката агенција „Дурмо турс“, а фирмата „АМЗ Гостивар“, со ист газда, е задолжена за нивниот технички преглед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...