Силјановска вети укинување на претседателските привилегии и експетски тим за името

2582

Гордана Силјановска, една од конкурентите во ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, на денешната конвенција за избор на кандидатот рече дека ако стане претседателски кандидат ќе почне со реформи од самата себе.

– Не можете да барате реформи од другите ако не сте спремни вие да почнете со другите. Ние имаме закон за привилегии на претседателот. Ќе ги замолам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да иницираат постапка за прекинување на привилегиите на претседателот. Ако победиме на претседателските избори тоа ќе биде инспирација за следните парламентарни избори да дојде до промена на власт. Тогаш ќе дадам еден предлог. Да се намали бројот на министерствата, срамота е Швајцарија да има седум министерства, а Македонија 28 – рече Силјановска.

Таа најави и експертски тим од домашни и странски професори кој низ призма на меѓународното право и уставното право ќе отвораат прашања пред меѓународните судови и институции.

Го спомна и владеењето на Зоран Заев.

– Заевизмот не е само авторитаризам, заевизмот е ментална матрица: „Кажувам заборавам негирам“. За жал од таа болест се инфицираа мнозина – рече Силјановска.

Таа рече дека ако стане претседателка ќе бара да се обраќа во Собранието кога и да има проблем.

– Нашите претседатели обично се обраќаат пред Нова година. А Уставот вели најмалку еднаш. Секогаш кога ќе има проблем, а секој ден ги има, ќе побарам да се обратам пред Собранието. Јас и кога ќе го користам ветото заради одбрана на Уставот, ќе барам да го образложам тоа. Тоа ќе допре до сите тела. Ќе се држам до Уставот и тоа ќе важи за сите партии, па и за ВМРО-ДПМНЕ – порача професорката.

Таа кажа и оти ако ја изберат ќе се обиде да го исполни и она што го кажале нејзините конкуренти во партијата.

Пред да зборува за тоа што ќе направи, Силјановска накратко ја образложи нејзината биографија, во кратки црти се осврна на достигнувањата, а најмило како што рече, ѝ е тоа што пет пати била избирана за наинспиративен професор од нејзините студенти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...