Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт Де Ниро кренаа глас против организаторите на Оскарите

1175

Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт Де Ниро вчера го поддржаа протестот во Холивуд против плановите на организаторите на Оскар, наградите за најдобра фотографија, монтажа и други категории, да се доделат за време на емитувањето на реклами на церемонијата, која се одржува следната недела.

Сандра Булок, Ема Стоун и Џон Хам, исто така, го поддржаа отвореното писмо на  Мартин Скорсезе, Спајк Ли и Алфонсо Куарон, кои повикаа на промена на одлуката која ги навредува професионалците во тие категории.

Академијата за филмска уметност и науки на почетокот на неделата објави дека доделувањето награди за неколку категории ќе се одржи за време на емитувањето реклами во директна емисија на 24 февруари. Планирано е кратките снимки од говорот на победниците во тие категории да се емитуваат подоцна за време на директниот пренос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...