ВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција во Струга ќе избере претседателски кандидат од деветмината кои се пријавија на огласот.
Изборот ќе го направат вкупно 551 делегат пријавени на партискиот конгрес.
Кандидатите меѓу кои ќе избираат се:
- Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
- Гордана Силјановска Давкова, редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.
- Никита Шекутковски, Доктор на математички науки и редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.
- Ѓорѓи Манасков, машински инженер и Претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.
- Васко Костов, фармацевтски техничар.
- Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ во Скопје.
- Филип Петровски, Д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот Архив на Република Македонија.
- Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и Претседател на ЗЕЛС во еден мандат.
- Сашо Кутлешовски, Д-р по земјоделски науки.