Телото на Сала е однесено во Аргентина

141
ФОТО: EPA / EDDY LEMAISTRE

Телото на поранешниот напаѓач на Кардиф и Нант Емилијано Сала во текот на денешниот ден беше предадено во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, а потоа испратено во неговиот роден град Прогресо.

Церемонијата на збогување со фудбалерот семејството и останатите ќе се одржи утре (16 февруари).

Сала направи трансфер од Нант во Кардиф во јануарскиот трансфер прозорец, но не одигра ниту еден натпревар за велшкиот клуб.

На 21 јануари тој со приватен авион тргна од Нант кон Кардиф, но еден час пред слетувањето авионот исчезна од радарите. Остатоците од авионот заедно со телото на 28-годишниот Сала беа пронајдени пред десетина дена на дното на океанот во близина на островот Гернзи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...