По консултацијата на лекарскиот конзулиум, извршени се две интервенции на ногата на 20-годишната девојка која и натаму е во животнозагрозувачка состојба.
На тешкоповредената девојка и е ампутирана ногата.
Шест пациенти и натаму се во тешка состојба, од кои четворица на КАРИЛ со тешки повреди на абдомен и глава. Хоспитализирани се уште 28 повредени, а 6 се пуштени на домашно лекување.
Ноќеска биле оперирани-15 годишно момче и 40 годишен повреден. На клиниката двјаца се на респираторни машини со повреди на главата.
Во автобуската несреќа што се случи пред два дена кај Карпалак загинаа 14 патници. Вчера заврши идентификацијата на загинатите.