Нов инцидент се случил денеска со автобус на „Дурмо Турс“ во Гостивар. Патници во изјава за медиуми тврдат дека се блокирале задните тркала на автобусот.
Инцидентот ги испаничил патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје. Сите патници се симнале од автобусот и поради чувство на несигурност се оддалечиле од возилото.