Четири деца, најстарото имало 5 години, биле пронајдени гладни и жедни во штала во Тексас. Две од нив биле затворени во кафез за куче, а другите две биле размачкани со измет, пренесува „Детроит Њуз“.
Хрната била заклучена во фрижидер во шталата.
Трите момчиња и едно девојче сега биле пуштени од болница и ставени во згрижувачки семејства. Не се знае дали се заедно или разделени.
Шерифот Лејн Акин изјавил дека постарите деца биле заклучени во кафез, а другите две деца биле извалкани и само делумно облечени. Акин рекол дека ова е најлошиот случај на изживување врз децата со кој тој се има сретнато во својата 44-годишна кариера.
Родителите, двајцата на возраст од 24 години, биле уапсени. Наводно, жената е мајка на сите четири деца, а мажот е татко на само едно од нив.
ФОТО: Детроит Њуз