Македонскиот јазик официјално признат од грчките институции

Во огласот во делот во кој се наведени јазиците што треба да ги познаваат кандидатите, кај македонскиот јазик, во заграда стои „јужнословенски“.

1157

Во оглас објавен во Службен весник, Министерството за цивилна заштита на Грција, бара лица со познавање на македонски јазик за вработување во грчката Националната агенција за разузнавање, што воедно е и првата официјална употреба на овој термин, по стапувањето во сила на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Секако, во огласот во делот во кој се наведени јазиците што треба да ги познаваат кандидатите, кај македонскиот јазик, во заграда стои „јужнословенски“.

Националната агенција за разузнавање на Грција, отвори оглас за пополнување на 302 работни места, а во одделот за преведување, толкување и сослушување, вработува 56 лица со познавање на: англиски, француски, германски, шпански, италијански, арапски, бугарски, еврејски, руски, турски и како што пишува во огласот „македонски (јужнословенски) јазик“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...