Томи Ли и Британи Фурлан се венчаа на Денот на вљубените

381
ФОТО: Инстаграм

Педесет и шестгодишниот музичар Томи Ли и 32-годишната ѕвезда на Вајн, Британи Фурлан, се венчаа на Денот на вљубените.

Фановите не добија фотографии од церемонијата, но затоа Фурлан ги објави на Инстаграм кучињата облечени како младоженец и невеста.

Претходниот Ден на вљубените, Ли ја праша Фурлан дали ќе се омажи за него.

– Ова е сигурно подобро од чоколади – напиша Фурлан на Инстаграм, каде го покажа огромниот дијамантски прстен.

Ова е четврта венчавка на музичарот. Тој претходно беше во брак со Елејн Берген од 1984 до 1985 година, па со Хедер Локлир од 1986 до 1993 и со Памела Андерсон од 1995 до 1998 година. Со Андерсон има двајца синови, 22-годишниот Брендон и 21-годишниот Дилан.

Ли се сврши со Софија Тоуфа во 2014, но парот се раздели во 2016 година.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...