Чарли Пут на Денот на вљубените потврди дека е во врска со Шарлот Лоренс

214

Пејачот Чарли Пут на социјалните мрежи објави фотографија на која ја прегрнува Шарлот Лоренс и напиша „Среќен ден на вљубените“.

Фановите неодамна почнаа да се прашуваат дали Пут и Лоренс се во врска, откако беа видени на неколку важни настани заедно.

Лоренс исто така се занимава со музика, а веќе има и настапи насекаде во светот како дел од „Reckless“ турнејата.

– Сакам да се вљубам. Би било многу убаво кога на турнејава би имал девојка која ќе си ја брка својата работа, но исто така ќе биде тука за мене. Сум бил во врска и со познати девојки и со непознати за јавноста, потребно ми е да најдам некоја која е измеѓу, која не се грижи за Чарли Пут, ами за неговото срце – изјави Пут претходно за „Телеграф“.

Неодамна беше најавено и дека Чарли Пут ќе биде советник во тимот на Адам Левин на музичкото шоу „The Voice“.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...