Триесет индиски полицајци загинаа при самоубиствен напад во Кашмир

164

Автомобил-бомба удри во автобус, со кој се превезувале полицајци, при загинаа најмалку 30 луѓе. Нападот се случи на автопат во покраината Џама и Кашмир.

Одговорност за нападот ја презеде исламистичката милитантна група Јаиш-е-Мохамад (ЈеМ), чие седиште е во Пакистан.

Инцидентот би можел дополнително да ги зголеми тензиите помеѓу Индија и Пакистан.

Кашмир е регион за кого Индија и Пакистан со децении имаат спор. Во Кашмир поголемиот број жители се муслимани. Индија го обвинува Пакистан дека финансиски ги поддржува милитантите. Исламабад тврди дека на кашмирските муслимани му пружа само морална и дипломатска поддршка во нивната борба за самоопределување.

Индиските безбедносни сили се борат против исламистичките милитанти во Кашмир од вооружениот бунт, што почна во 1989 година, при што се убиени десетици илјади луѓе, но нападите со автомобили-бомба се ретки.

Последниот голем напад во Кашмир беше во 2016 година кога милитантите нападнаа камп на индиската армија во градот Уриј, при што загинаа 20 војници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...