„Дурмо турс“ изрази сочувство до семејствата на загинатите

548

Компанија „Дурмо турс“, чиј што автобус се преврте на автопатот Скопје-Тетово изразија сочувство до семејствата на загинатите.

– Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочувство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагична несреќа, соопшти компанијата.

Од таму наведуваат дека нивните возила редовно се сервисираат и ги поседуваат сите потребни лиценци.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...