Леши: Инцидентот во албанскиот Парламент наликува на сцените кои ги предизвикувал Груевски

1059
ФОТО: МИА

Инцидентот што се случи во албанскиот Парламент за време на пленарната седница на која се гласаше за Протоколот за членство на Македонија во НАТО, кога демократскиот пратеник Еди Палока истури боја врз премиерот Еди Рама, го коментираше и министерот за внатрешни работи Сандер Леши.

Според Леши, ова е срамен чин и обид на опозицијата да ја „извалка североатлантската свеченост“.

Тој овој чин го споредува со сцените кои „ги предизвикувал Никола Груевски во Парламентот на ФИРОМ“.

– Северна Македонија во НАТО е во интерес и на Албанија. Обидот на опозицијата да ја извалка североатлантската свеченост е срам и разочарување. Денешниот обид е многу идентичен на оние сцени кои ги предизвикуваше Груевски во Парламентот на ФИРОМ во април 2017 во соработка со антиНАТО кругови од Исток. Ништо не ја спречува волјата на слободните балкански луѓе да се обединат во НАТО и во ЕУ. Честитки за Северна Македонија! напиша Леши.

Инаку, освен што десет дена е исклучен од работата во законодавниот дом, владејачките социјалисти побараа Палока да биде разрешен од функцијата потпретседател на Парламентот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...