Албанскиот претседател Илир Мета ја поздрави ратификацијата во албанскиот Парламент на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
Мета на Фејсбук, напиша дека се гордее со клучната улога што ја имаат Албанците во овие значајни одлуки за Северна Македонија и целиот регион.
– Го поздравувам едногласното гласање од страна на Собранието на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО! Присуството на претседателот Џафери е чест на свеченото гласање. Визијата и политичката определба за отворање на европскиот и евро-атлантскиот пат на земјата заслужуваат најголема благодарност и најтопло гостопримство во транс-атлантското семејство! Горд на клучната улога што ја имаат Албанците во овие значајни одлуки за Република Северна Македонија и целиот регион! Побезбедни и посилни заедно во НАТО!, напиша Мета, постирајќи фотографија на која е заедно со премиерот Зоран Заев.
Албанија, по Грција и Словенија, е трета земја членка на северноатланската Алијанса која го потпиша Протоколот. Набрзо се очекува тоа да го стори и Бугарија, откако Владата му предложи на Народното Собрание да го ратифкува Протоколот.