Официјално: Симеоне го продолжи договорот со Атлетико до 2022 година

70

Тренерот на Атлетико Мадрид – Диего Симеоне, ќе продолжи да ја пишува модерната историја на клубот. Аргентинецот ги израдува навивачите на „јорганџиите“, откако денеска гопродолжи својот договор до летото 2022 година.

Сегашниот договор на Аргентинецот беше до крајот на сезоната 2019/2020 година.

Популарниот Чоло застана на чело на Атлетико на крајот на 2011-та, а оттогаш освои 7 трофеи – два пати Лига Европа, еднаш титулата во Шпанија, по еднаш Купот и Суперкупот на Шпанија и два Суперкупа на Европа.

Тој успеа да го пласира тимот во две финалиња во Лигата на Шампионите – 2014 и 2016 година, изгубени од Реал Мадрид.

Симеоне има 412 натпревари на чело на тимот – 252 победи и 216 „суви“ мрежи

Фото: EPA/JUANJO MARTIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...