Спортот повторно ќе ги обедини Северна и Јужна Кореја

67

Откако двете држави излегоа под заедничко знаме на Зимската Олимпијада во Пјонгчанг минатата година и имаа заеднички тим во женскиот хокеј, Северна и Јужна Кореја сега повторно си подаваат рака.

Двете држави сакаат заеднички да ги организираат Летниот Олимписки Игри во 2032 година, а по тој повод утре ќе се сретнат со шефот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.

– На состанокот ќе бидат разгледани прашања поврзани со кандидатурата на Сеул и Пјонгјанг за ЛОИ 2032 година, како и заедничкото учество на тимови од двете страни на Игрите во Токио во 2020 година – прокоментираа од МОК за историската идеја на Северна и Јужна Кореја.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...