Трагедии обединуваат. Обединуваат околу заедничката човечност. Дотрчавме до превртениот автобус и почнавме да ги излекуваме повредените и мртвите. Беше страшно да се слушаат врисоците. Со дваесет, дваесет и пет приватни коли почнавме да ги префрламе кон болниците. Дали се плашевте дека автобусот може да експлодира, го прашува новинарката својот соговорник, претседателот на месната заедница. Па да, вели тој, мирисаше на бензин, и продолжи да објаснува како пристигнале амбулантните возила.
Трагедиите обединуваат околу заедничката човечност. Во такви лоши времиња стануваме свесни колку зависиме едните од другите, од пруженета рака на поддршка, на спас. Исчезнува лутата политичка реторика, почнуваме да зборуваме тивко, да шепотиме. Почнуваме перфектно да се разбираме. Стануваме заедница.
Всушност, во тие моменти ја откриваме нашата вистинска природа – онаа на сочувство, на љубов, онаа која спасува животи кога на некој му треба помош. Само така може да се објасни оној инстинкт, без наредба, да скокнеме на помош на друго човечко суштество кое е во голема опасност.