Претседателот Иванов ги посети повредените патници во болницата 8-ми Септември

259
ФОТО: МИА

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, посети дел од хоспитализираните патници кои беа повредени во вчерашната автобуска несреќа, што се случи на патот Скопје – Тетово во близина на селото Ласкарци. Македонскиот претседател на повредените им посака побрзо закрепнување и што поскоро враќање во своите домови и кај своите семејства, информираа од кабинетот на Иванов.

Претходно, во општина Гостивар претседателот Иванов се обратил на  Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во тешката сообраќајна несреќа и ги посети ги посети семејствата  Узеири, Трпевски и Исмаили, чиишто членови се меѓу загинатите патници.

– Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава, рече претседателот Иванов, во своето обраќање на Комеморативната седница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...