Со кран се креваат остатоците од автобусот кој вчера излета од автопатот Скопје-Тетово при што загинаа 14 лица, а 39 беа повредени.
Увидот траеше од вчера вечерта, во текот на ноќта местото го обезбедуваа полицајци, а од утрово јавен обвинител и вештаци повторно се вратија на местото на несреќата за да го продолжат увидот.
Уништениот автобус од компанијата „Дурмо-Турс“ ќе биде префрлен во касарната Ѓорче Петров на вештачење.
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI