Штотуку бев во посета на повредените од страшната сообраќајна несреќа во Градската општа болница 8-ми Септември, напиша Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
„Им посакав побрзо закрепнување и враќање во секојдневниот живот кај нивните најблиски, силна волја, утеха и надеж, нашите молитви се со нив. Македонија е во црно поради страшната несреќа. Голема е тагата за оние кои ги загубија животите. Слава им. Бог да е со нивните семејства во овие тешки мигови“, порача Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашниот Фејсбук статус ги понуди сите расположливи средства на
Претходно, во посета беа и премиерот Зоран Заев придружуван од други владини претставници. Претседателот Ѓорѓе Иванов, пак, во Гостивар посети три семејства.