Црвениот крст на Република Македонијаќе додели парична помош во износ од по 30.000 денари на семејствата на загинатите во автобуската несреќа.
– Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Македонија ќе им додели парична помош во висина од 30.000,00 денари по семејство – соопштуваат од Црвен крст на РМ.
Во соопштението додаваат дека Црвениот крст на Република Македонија остварувајќи ја својата хуманитарна мисија ќе продолжи и понатаму со помош и поддршка за семејствата на загинатите и повредени граѓани.