Иванов посети три семејства на загинати во автобуската несреќа

1243

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Гостивар ги посети семејствата  УзеириТрпевски и Исмаили, чии членови се меѓу загинатите патници во вчерашната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово, изразувајќи им најдлабоко сочувство за претрпената загуба, соопшти Кабинетот на Иванов.

Претходно во Општина Гостивар македонскиот претседател присуствуваше и се обрати на  комеморативната седница во чест на загинатите граѓани. Рече дека  тагата треба да ја споделуваме и да помислуваме на живите и како на најблиските да им помогнеме да ги пребродат овие најтешки моменти во нивниот живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...