Раперот YNW Melly обвинет дека убил двајца пријатели (ВИДЕО)

299
ФОТО: Принтскрин / Вашингтон пост

Полицијата вчера го уапси 19-годишниот рапер YNW Melly од Флорида, чие вистинско име е Џејмс Демонс, поради убиство на двајцата рапери, 19-годишниот Кристофер Томас Џуниор и 21-годишниот Ентони Вилијамс.

Жртвите беа познати како YNW Sakchaser и YNW Juvy.

Тој е обвинет и дека се обидел да намести како тие да биле убиени од возило во движење, пренесува „Вашингтон пост“.

Уапсен е и пријателот на обвинетиот, 20-годишниот Кортлен Хенри, во Хјустон минатиот месец и екстрадиран во Флорида, поради поврзаност со злосторството.

– Пред неколку месеци насилно ги изгубив моите двајца браќа а сега системот сака да ја најде правдата – вчера напиша YNW Melly на својот Инстаграм профил.

ФОТО: Принтскрин / Вашингтон пост

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...