Знамето пред Амбасадата на САД на половина копје ФОТО

89

Знамето пред Амбасадата на САД во Скопје е на половина копје за автобуската несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово, во која животот го загубија 14 лица, а сочувство за настраданите изрази и американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи на автопатот Скопје-Тетово. Од името на Американската амбасада, упатуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите и до жителите на Гостивар. Нашите мисли и молитви се со повредените за нивно брзо опоравување“, напиша амбасадорот Бејли на официјалниот твитер профилот на Амбасадата на САД.

Фотографија и сочуство тие споелија и на официјалната Фејсбук-страница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...