Морничави сведоштва од трагедијата кај Ласкарци ФОТО + ВИДЕО

5514
Photo: EPA / Frosina Novakovic

Еден ден по катастрофалната несреќа, страотна е сликата кај селото Ласкарци, каде вчера се преврте автобус полн со патници од кои 14 го загубија животот.

Морничава е глетката кон превртениот и уништен автобус кој е обезбеден со полициските ленти, а во кој вчера 50-тината луѓе патуваа од Скопје кон Гостивар.

39-мина од нив ги наполнија болничките постели во скопските болници.

Се мобилизираа медицински екипи и од државното и од приватното здравство. Напомош веднаш притрчаа жителите во близина на несреќата. Роднините со солзи во очите уште од синоќа очекуваа да слушнат во каква состојба се нивните блиски.

Местото на страотната несреќа цела ноќ беше опкружено со полиција, а од утрово таму повторно излегоа јавен обвинител и вештаци за да го продолжат увидот.

Во продолжение погледнете го видеото кое го објави „Нова Македонија“ и фотографиите од местото на настанот на European pressphoto agency.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...