По тешката сообраќајна несреќа којашто се случи вчера на патот Скопје – Тетово, Компанијата Зегин ќе додели еднократна помош во износ од 20.000 евра на семејствата на трагично загинатите патници.
Во овие тешки мигови на повредените, како и на семејствата на повредените и починатите патници, Зегин нуди дополнителна помош ставајќи им го на располагање целиот потенцијал на Зегин во лекови и поликлинички услуги од својата поликлиника Зегин Медика.
Сочувствувајќи со болката на семејствата на загинатите и повредени, Зегин ги повикува семејствата да се обратат за помош во нашата компанија. Компанијата Зегин им изразува сочувство на семејствата на загинатите патници и поскоро закрепнување на повредените лица.
За подетални информации, обратете се на контакт 02 3241600 и 078 206-087 mail:info@zegin.com.mk